Претседателот Ердоган го отвори Музејот Троја во Чанаккале

Претседателот Ердоган нагласи дека се фрлаат голем број чекори за зајакнување на турската музеологија, а воедно истакна дека Музејот Троја е дел од проектот за повторно претварање на Чанаккале во привлечен центар за целото човештво

1165969
Претседателот Ердоган го отвори Музејот Троја во Чанаккале

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Чанаккале учествуваше на свеченото отворање на Музејот Троја каде што одржа и говор.

Ердоган нагласи дека се фрлаат голем број чекори за зајакнување на турската музеологија, а воедно истакна дека Музејот Троја е дел од проектот за повторно претварање на Чанаккале за привлечен центар за целото човештво.

„Обновивме 142 наши музеи, отворивме 52 нови музеи во целата земја. Го реставриравме Музејот на Анадолските цивилизации кој со својата колекција се наоѓа меѓу најзначајните музеи во светот. На тој начин бројот на посетителите на музеите и археолошките локалитети кој што во 2002 година изнесуваше 7,4 милиони во 2018 година го зголемивме на 28,2 милиони лица.“ - рече Ердоган.

Музејот Троја пак, истакна претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, е последната алка од проектот за повторно состанување на Чанаккале со својата историја и за повторно претварање на овој древен град во привлечен центар за земјата, народот и за целото човештво.



Слични вести