Повик од потпретседателот Фуат Октај од Нов Зеланд за заедничко делување против тероризмот

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава за печатот повика на заедничко делување против тероризмот за кој што рече дека не располага со своја религија, свој јазик, расна припадност и своја географија

1165434
Повик од потпретседателот Фуат Октај од Нов Зеланд за заедничко делување против тероризмот

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кои по терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд, отпатуваа во оваа земја, ја посетија џамијата Ел Нур која беше цел на нападот.

Овде Фуат Октај и Мевлут Чавушоглу заедно и со делегацијата во нивна придружба поставија каранфили пред џамијата и читаа дови (молитви) за жртвите во монструозниот терористички напад.

Потпретседателот Фуат Октај во дадената изјава за печатот повика на заедничко делување против тероризмот за кој што рече дека не располага со своја религија, свој јазик, расна припадност и своја географија.

Октај рече: „Тероризмот нема своја религија, јазик, расна припадност, географија. Особено тоа го велам за оние сега за овој терорист, не можат да го кажат ниту тоа дека е терорист. Ако ова оружје беше во рацете на еден муслиман, не би можеле да претпоставите каква бура ќе беше рената во светот.“

„Овој глас сакаме уште еднаш да го доставиме до целиот свет. Тероризмот е неволја која може да погоди секое место и секого. Затоа од крајно значење е да се делува заедно и да се користи заеднички јазик против оваа неволја.“ - порача потпретседателот Фуат Октај.  

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пак, во својата изјава за печатот привлече внимание кон растечкото непријателство кон Исламот и соопшти дека за да се разгледа сето тоа во Истанбул ќе се одржи состанок на министрите за надворшени работи на земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Чавушоглу рече: „Во петок ќе одржиме состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС). Ќе формираме и комисија која ќе ги следи одлуките кои што ќе ги донесеме. Оваа комисија ќе се состои од министри за надворешни работи и ова прашање ќе биде пренесено на сите платформи, вклучувајќи ги и Обединетите нации (ОН). Нема да се откажеме од следење на оваа работа.“ 

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу се состанаа на доручек и со турските граѓани кои живеат во градот Крајстчерч, во Нова Зеланд.

Октај на присутните турски граѓани им ги достави поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и неговата порака со жалење поради терористичкиот напад, а воедно ја нагласи и поддршката на Турција.  

Октај, Чавушоглу и делегацијата во нивна придружба исто така ги посетија и ранетите во терористичкиот напад кои се хоспитализирани во болница, а меѓу кои се наоѓаат и тројца турски граѓани.

Турската делеагција се состана и со градоначалникот на Крајстчерч и со генералниот гувернер на Нов Зеланд Петси Реди.

 

Инаку, во извршениот терористички напад на две џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, животот го загубија 50 лица, а десетици лица беа ранети од кои 20 потешко.

 



Слични вести