Ердоган преку телефон им се обрати на семејствата на жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Претседателот Реџеп Тајјип ердоган им се обрати преку телефон на семејствата на жртвите (шехидите) во терористичкиот напад на двете џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд

1165688
Ердоган преку телефон им се обрати на семејствата на жртвите во терористичкиот напад во Нов Зеланд

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу ги посетија семејствата и блиските на убиените муслимани во извршениот терористички напад во петокот, на две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.

Октај и Чавушоглу го изразија своето сочувство за жртвите и во истиот момент го побараа по телефон претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Во оваа пригода претседателот Ердоган им се обрати преку телефон на семејствата на загинатите во терористичкиот напад и истакна дека очекуваат од новозеландската влада да го оцени за сериозно извршениот терористички напад на двете џамии.   

Ердоган го изрази своето сочувство до семејставата на убиените муслимани, а на ранетите им посака побрзо оздравување.

Велејќи „Ова не е поединечен случај, многу отворено и јасно стои дека е организиран случај“, претседателот Ердоган потсети дека терористот на два пати дошол во Турција каде што престојувал вкупно 46 дена.

Ердоган напомена дека турските разузнавачки служби го утврдиле делувањето на терористот во овој регионот вклучувајќи ги и околните земји, а во чиј фокус се наоѓала Турција. 

„Од новозеландската влада очекуваме да го оцени за сериозно ова прашање. Не треба да го омаловажува (потценува) како западните земји. Треба да ја разбере оваа финост и да го истражува случајот подробно. Тоа го споделив со новозеландскиот генерален гувернер Петси Реди. И го реков и тоа дека ние како Турција која многу патела од терористички акции и дала голем број жртви (шехиди), би можеле да реализираме заеднички активности.“ - порача претседателот Ердоган. 

Тој истакна дека сите муслимани во Нов Зеланд и во околните земји секогаш се негови браќа и дека со посетата што ќе ја оствари во најскоро време на регионот, би сакал да се состане и лице в лице со семејствата на жртвите (шехидите).

По овој говор на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган преку телефон, семејствата и блиските на жртвите му рекоа: „Ние многу ве сакаме, Аллах да ве штити вас и Турција.“

Освен тоа претседателот Ердоган читаше и дова за душите на жртвите (шехидите) во монструозниот терористички напад на двете џамии за време на клањање на џума намаз (петочната молитва) во градот Крајстчерч, во Нов Зеланд, во кој животот го загубија 50 лица, а десетици беа ранети од кои 20 потешко.



Слични вести