Ердоган: Одредени сили продолжуваат да ги тестираат трпението и одлучноста на Турција

Претседателот Ердоган од Чанаккале истакна дека одредени сили и покрај тоа што поминал повеќе од еден век се уште продолжуваат да ги тестираат трпението и одлучноста на Турција

1165717
Ердоган: Одредени сили продолжуваат да ги тестираат трпението и одлучноста на Турција

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во Чанаккале учествуваше на церемониите по повод одбележувањето на 18 Март Денот на сеќавање на шехидите (паднатите броци) и 104. годишнина од Поморската победа на Чанаккале.

Ердоган во своето обраќање овде им одаде почит на шехидите (паднатите борци) за време на Битката на Чанаккале и рече: „Ги поздравувам сите мои браќа на Балканот, во Северна Африка, Блискиот Исток, Кавказ кои станале шехиди (ги положиле своите животи) на овие територии и со кои некогаш сме живееле во исти граници. Нека бидат сигурни дека нивните аманети ги чуваме како нашето око.“ 

Посакувајќи милост од Аллах за сите шехиди (паднати борци), претседателот Ердоган нагласи дека одредени сили и покрај тоа што поминал повеќе од еден век, сѐ уште продолжуваат да ги тестираат трпението и одлучноста на Турција.

Тој рече: „Провоцирајќи ја нашата сириска граница, не тестираат обидувајќи се овде да формираат терористички коридор. Веднаш до нашата граница во Ирак, на ист начин посегнуваат по овие патишта. Не тестираат, обидувајќи се да ги нарушат нашите права на Кипар, во Источниот Медитеран. Не тестираат, со тоа што во Егејското Море сакаат да не затворат на нашето копно и да не доведат во состојба да не можеме да нагазнеме во морето. Не тестираат со тоа што секоја година извршуваат стотици напади врз нашите џамии, здруженија и нашите граѓани во Европа, а особено во Германија, во Франција. Не тестираат, предизвикувајќи нереди на нашите улици, извршувајќи обиди за пуч, формирајќи мрачни сојузи. Не тестираат, напаѓајќи ја нашата економија, посегнувајќи по работата, лебот на нашиот народ. Па дури, понекогаш, не тестираат со пораките кои што ни ги даваат од 16.500 километри далеку од нашата земја, од Нов Зеланд.“

Осврнувајќи се на терристичкиот напад во Нов Зеланд, претседателот Реџеп Тајјип Ердоган покажа реакција против таканаречениот манифест на терористот кој со извршениот терористички напад на две џамии во Нов Зеланд измасакрира 50 лица.

„Од Истанбул не можете да направите Константинопол.“ - порача Ердоган од Чанаккале и својот говор го продолжи со следните зборови: „По 104 години повторно се обраќаме од Чанаккале и велиме: Ја разбравме вашата порака. Ги разбравме и вашите чувства и вашата намера. Го разбравме и тоа дека не сакате да ни дадете право ниту да дишеме и да живееме на овие територии. Го разбравме и тоа каков терорист е оној кој во својот манифест ни се заканува велејќи ни 'Не ќе можете да преминете од анадолскиот кон европскиот брег'. Тоа не претставува поединечен чин, туку организиран чин.“

 

 

 



Слични вести