104. годишнина од извојуваната голема победа на Чанаккале се одбележува со различни церемонии

Со оваа извојувана голема победа на турскиот народ над непријателот, уште еднаш беше прогласено до светот дека „Чанаккале не може да се помине!“

104. годишнина од извојуваната голема победа на Чанаккале се одбележува со различни церемонии

Денес е 18 март, со церемонии, различни манифестации и проргами се одбележува Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци) и 104. годишнина од извојуваната поморска победа на Чанаккале (Дарданелите).

Со оваа извојувана голема победа на турскиот народ над непријателот, уште еднаш беше прогласено до светот дека „Чанаккале не може да се помине!“.

По повод овој значаен ден за турскиот народ централната церемонија се одржа во Чанаккале.

На церемонијата на плоштадот „Џумхуријет“ (Републиката), во име на кабинетот на претседателството учествуваше министерот за национална одбрана Хулуси Акар, во име на Турските вооружени сили (ТВС) командантот за морскиот теснец и гарнизонот на Чанаккале вицеадмиралот Левент Керим Уча, како и валијата на Чанаккале Орхан Тавли и градоначалникот Улгур Ѓокхан положија венец на споменикот на Ататурк.

Во истиот момент од турскиот воен брод ТЏГ Бургазада беа истрелани 21 топовски истрел. 

Церемонијата продолжи со оддавање почит со едноминутно молчење на шехидите (паднатите борци), а потоа беше испеана националната химна.

Потоа златниот медал со напис „Чанаккале не може да се помине“ кој согласно законот број 3972 од страна на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) во 1994 година во чест на 253 илјади шехиди (паднати борци) му беше доделено на Чанаккале, од страна на министерот за национална одбрана и делегацијата во негова придружба беше поставен на турското знаме кое беше кренато на јарболот.

На овдешната церемонија присуствуваа и други функционери и претставници на Австралија и Нов Зеланд, меѓу кои беа ректорот на Универзитетот 18 Март во Чанаккале професор доктор Јуџел Аџер, претседателот на градскиот огранок на владејачката партија за Правда и развој АКП (АК Партијата) Ѓултекин Јилдиз, амбасадорот на Австралија во Анкара Марк Инес-Браун, воениот функционер одговорен за Европа вицеадмирал Гај Ховторн и воениот аташе на австралиската влада полковник Ричард Кампбел, амбасадорот на Нова Зеланд во Анкара Венди Хинтон, воениот аташе на новозеландската влада потполковник Ема Томас и други воени и цивилни функционери.

На церемонијата што ќе се одржи на стадионот 18 Март, на Денот на сеќавање на шехидите (паднатите борци и 104. годишнина од победата на Чанаккале ќе присуствува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.



Слични вести