Потпретседателот Октај и министерот за надворешни работи Чавушоглу отпатуваа за Нов Зеланд

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу денеска отпатуваа за Нов Зеланд каде што во петокот беше извршен ѕверски вооружен напад на две џамии во градот Крајстчерч

1164870
Потпретседателот Октај и министерот за надворешни работи Чавушоглу отпатуваа за Нов Зеланд
oktay-cavusoglu.jpg
oktay-cavusoglu1.jpg

Потпретседателот Фуат Октај, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и многучлена делегација во нивна придружба, на директива на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска отпатуваа за Нов Зеланд каде што во петокот за време на клањање на џума намазот (петочната молитва) беше извршен страотен терористички напад на две џамии во градот Крајстчерч.

Потпретседателот Фуат Октај на одржаната прес конференција на аеродромот Ататурк во Истанбул пред да заминат за Нов Зеланд рече: "Го повикуваме целиот свет да се крене на нозе против расизмот."

Октај напомена дека да се преземат ефикасни мерки против проблемите кои што произлегуваат од непријателството кон Исламот, во денешни глобални услови повеќе од задолжителност (неопходност), претставува состојба од витално значење.

Тој исто така подвлече дека тоа што терористите за кои се подразбира дека ова ѕверство го планирале во текот на две години ги поставуваат на мета претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, турскиот народ, Турција и нашата историја, ја сочинува другата жалосна димензија на овој случај.

Нагласувајќи дека Турција како земја која долги години како дава големи жртви на тероризмот и која се противи на секој вид терор, ќе биде покрај Нов Зеланд во неговата борба против тероризмот и чекорите кои што ќе ги фрла во таа насока, Фуат Октај рече: "Овој доживеан терористички акт за жал уште еднаш ни покажа дека непријателството кон Исламот нема граници. Оттука го повикуваме целиот свет да се крене на нозе против непријателството кон Исламот, непријателството кон странците, радикализмот и расизмот."

Потпретседателот Фуат Октај додаде дека во рамките на директивата на претседателот Ердоган заедно со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заминуваат за Нов Зеланд, а како што рече за да се покаже дека Турција, како земја привремен претседавач на Организацијата за исламска соработка, стои покрај новозеландскиот народ и да го изрази своето сочувство поради жртвите во бруталниот терористички напад.

Инаку, претходно претседателот Реџеп Тајјип Ердоган го побара по телефон генералниот гувернер на Нов Зеланд Дејм Петси Реди и истакна дека го проколнува терористичкиот напад во име на сите муслимани, а воедно го информира дека ќе ги испрати за Нов Зеланд својот заменик потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу заедно и со многучлена делегација.

Во реализираните терористички напади на две џамии со пауза од 10 минути за време на џума намазот (петочната молитва) во градот Крајстчерч во Нов Зеланд животот го загубија 49 лица, а 48 беа ранети од кои 20 потешко.



Слични вести