Фуат Октај и Мевлут Чавушоглу пристигнаа во Крајстчерч каде беше извршен терористичкиот напад

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу пристигнаа во градот Крајстчерч во Нов Зеланд каде во петокот за време на клањање на џума намаз беше извршен терористички напад на две џамии

1165050
Фуат Октај и Мевлут Чавушоглу пристигнаа во Крајстчерч каде беше извршен терористичкиот напад
oktay-cavusoglu.jpg
oktay-cavusoglu2.jpg
oktay-cavusoglu1.jpg

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу кои по терористичкиот напад на двете џамии вчера отпатуваа за Нов Зеланд, пристигнаа во градот Крајстчерч каде што беше извршен нападот.

Во авионот на потпретседателот Октај и министерот за надворешни работи Чавушоглу кои по терористичкиот напад во кој животот го загубија 50 лица, вчера со многучлена делегација од Истанбул заминаа за Нов Зеланд, се наоѓаа и таткото и братот на турскиот граѓанин Зекерија Тујан кој беше ранет во нападот.

Октај и Чавушоглу во авионот го изразија своето жалење до семејството. Исто така ги доставија и пораката со жалост и поздравите на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу го изразија своето жалење по повод нападот и истакнаа дека државата ја следи одблизу здравствената состојба на ранетите на кои им се обезбедуваат сите можности.

Делегацијата од Истанбул леташе непрестано 19 часа до градот Крајстчерч во Нов Зеланд и овој лет е заведен во историјата како најдолг остварен лет во историјата на цивилното воздухопловство.

Потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на аеродромот во градот Крајстчерч беа пречекани од страна на амбасадорот на Турција во Велингтон Ахмет Ергин.

Потоа Фуат Октај и Мевлут Чавушоглу учествуваа на меѓуделегациските разговори со новозеландскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Винстон Петерс.

Октај и Чавушоглу се очекува да ги посетат и да направат увид во двете џамии кои беа цел на ѕверскиот терористички напад.

Освен тоа делегацијата предводена од потпретседателот Фуат Октај и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Крајстчерч ќе се состанат и со претставниците на муслиманската заедница.

Премиерката на Нов Зеланд Јасинда Ардерн која одржа прес конференција на која ги сподели најновите информации во врска со терористичкиот напад, воедно истакна дека чувствуваат задоволство од испратената делегација од Турција.

Таа рече: "Делегацијата од Турција доаѓа за да ја покаже поддршката на муслиманите, чувствуваме задоволство од тоа. Турција е земја во која мнозинството од населението се муслимани, ги чекаме нив."

 



Слични вести