Заедничко соопштение со осуда на нападот во Нов Зеланд од петте политички партии во Собранието

Во објавеното заедничко соопштение се истакнува дека нападот е од витално значење од аспект на тоа што ја покажува димензијата на антиисламизмот и се нагласува потребата човештвото да заземе став против тоа

1164800
Заедничко соопштение со осуда на нападот во Нов Зеланд од петте политички партии во Собранието

Петте политички партии кои располагаат со свои Пратенички групи во Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) објавија заедничко соопштение со кое го осудија извршениот терористички напад во градот Крајстчерч во Нов Зеланд.

Во заедничкото соопштение се вели следното: "Овој гнасен случај повеќе од личниот поединечен обид на неколку луди лица, е резултат на расизмот кој што со секој поминат ден расте и го зема за основа изговорот на омраза и гнев против Исламот и странците."

Во соопштението кое е објавено на повик на претседателот на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) Мустафа Шентоп се истакнува дека нападот е од витално значење од аспект на тоа што ја покажува димензијата на антиисламизмот и се нагласува потребата човештвото да заземе став против тоа.

Во соопштението се упатува повик до западните управи и медијата и се вели дека на искрен и дециден начин треба да се стои далеку од изговори кој што што ги провоцираат антиисламските чувства и активности.

Во објавеното заедничко соопштение се вели: "Овој терор нема да престане се додека не биде ставено крај на отровната средина која што доведува до напади против Исламот и муслиманите и неприфатливите бесчувствителности на западните управи."

Воедно се потцртува и потребата од проколнување на тероризмот без изнесување на било какви разлики.



Слични вести