Турција го осуди Извештајот за човековите права на САД за 2018

Нашата борба против тероризмот за обезбедување на безбедноста на земјата и регионот за жал е прикажана како прекршување на човековите права

1163992
Турција го осуди Извештајот за човековите права на САД за 2018

Министерството за надворешни работи на Турција објави соопштение во врска со Извештајот за човековите права на САД за 2018. Во соопштението беше истакнато дека извештајот содржи неосновани тврдења, лажни обвинувања и неточни информации и коментари.

МНР во соопштението потенцираше дека неоснованите тврдења, лажните обвинувања и неточни информации и коментари во суштина уште еднаш ја потврдуваат перцепцијата за тоа кој се се наоѓа во позадината на неуспешниот обид за државен удар на Фетулахистичката терористичката организација (ФЕТО) на 15 јули во Турција.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на МНР, заштитата на човековите права и слободи претставуваат неоткажливи приоритети на Турција. Напорите кои што Турција ги вложува на тоа поле не се значајни само за турските граѓани, туку истовремено и за милиони луѓе во светот кои се соочуваат со прекршување на човековите права.

Во годинашниов извештај на САД за човекови права за жал со разочарување ја согледуваме неможноста на оваа земја да ја сфати нашата оправдана борба против терористичките организации ПКК, ФЕТО/ПДЈ, ДЕАШ (ИСИС) и ДХКП-Џ.

Нашата борба против тероризмот за обезбедување на безбедноста на земјата и регионот која се води согласно меѓународното право и човековите права е за жал е прикажана како прекршување на човековите права.

Изнесувањето на пучистите и сите оние кои учествуваа во обидот за државен удар на 15 јули како „политички затвореници“ претставува отворен и јасен показател за пристрасноста на извештајот.

Извештајот подготвен во земја домаќин на челникот на терористичката организација ФЕТО, а под влијание на одредени средини, уште повеќе ја зајакнуваат перцепцијата за тоа кој се во суштина се крие зад обидот за воен удар во земјава на 15 јули. Турција остро ги осудува вреднувања и проценки ма САД кои не претставуваат ништо друго освен политизирање на човековите права и штета на сите оние кои во суштина и навистина се борат за човековите права.



Слични вести