Претседателот Ердоган: Не е можно да се фрли чекор назад од набавката на С-400

Претседателот Ердоган истакна дека не е можно да се фрли чекор назад по прашањето на набавката на воздушно одбранбените системи С-400 од Русија

1164059
Претседателот Ердоган: Не е можно да се фрли чекор назад од набавката на С-400

 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа беше гостин во специјалната програма на еден приватен телевизиски канал каде што одговараше на поставените прашања во врска со актуелниот дневен ред.

Ердоган истакна дека не е можно да се фрли чекор назад по прашањето на набавката на воздушно одбранбените системи С-400 од Русија.

Претседателот Ердоган се осврна на дискусиите кои што се водат помеѓу Турција и САД по прашањето на купувањето на воздушно одбранбените системи С-400 од Русија во врска со што појасни дека она што е главно и суштинско овде е безбедноста на Турција, дека не можат да се направат отстапки во однос на прашањето на безбедноста, а исто така укажа и на присуството на режимот на Бешар Асад и елементите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.

Велејќи дека треба да се земе под гаранција безбедноста на Турција, Ердоган рече: „Порано побаравме да ги купиме воздушно одбранбените системи Патриот од САД, не ни ги дадоа. По ова ние ги започнавме потребните работи. Русија презентираше позитивен приод. Така и ние со одлучни чекори го фрливме нашиот чекор по ова прашање.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган напомена дека Русија презентираше мошне позитивен приод во однос на прашања како што се процентот на каматната стапка, снабдувањето со кредит и заедничкото производство.

„Затоа ние фрливме чекор по прашањето на набавување на С-400 од Русија. Русите испораката ја поместија на напред,  порано на јули. Ние ја завршивме оваа работа. Не станува збор да фрлиме чекор назад оттука. Низа пати со јавноста споделивме дека имаме поставено различни критериуми кои што се однесуваат и на прашањата на заедничкото производство, трансферот на технологија и трошоците.“ - подвлече Ердоган.



Слични вести