МНР на Турција: Остро ги проколнуваме ѕверските напади во Нов Зеланд
Во сопштението на МНР на Турција се вели „Остро ги проколнуваме овие ѕверски напади“ и се изразува сочувство до блиските на загинатите во нападите и до новозеландскиот народ

Турција остро го осуди реализираните терористички напади на две џамии во Нов Зеланд.
Во објавеното соопштение од страна на Министерството за надворешни работи се истакнува дека со длабоко жалење е дознаено за извршените напади на две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кои животот го загубија голем број лица, а голем број лица се ранети.
Во сопштението се вели „Остро ги проколнуваме овие ѕверски напади“ и се изразува сочувство до блиските на загинатите во нападите и до новозеландскиот народ.
Во соопштението стои напишано следното: „Веруваме дека новозеландската влада ќе води ефикасна истрага во врска со овие напади за кои се подразбира дека исламофобијата била мотив за нивна реализација и сторителите во најскоро време ќе бидат изнесени пред лицето на правдата. Во тој контекст ја дочекуваме со задоволство изјавата на премиерката на Нов Зеланд Јацинда Ардерн.“
Слични вести

Бројот на оздравените од Ковид-19 во Турција се зголеми на 2.308.721
Во последните 24 часа беа остварени 180.303 тестови, а беа регистрирани 681 ново заболени