Интерпол издаде црвена потерница по 20 осомничени лица за убиството на новинарот Кашички

Министерството за правда преку социјалната мрежа Твитер соопшти дека за поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички беа издадени црвени потерници на 15 ноември 2018 година по 18 и на 21 декември 2018 година по двајца осомничени лица

1163781
Интерпол издаде црвена потерница по 20 осомничени лица за убиството на новинарот Кашички

Интерпол издаде црвена потерница по 20 осомничени лица поврзани со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги).

Во објавеното соопштение од Министерството за правда на земјава преку социјалната мрежа Твитер, се потсетува дека за поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) беа издадени црвени потерници на 15 ноември во 2018 година по 18 осомничени и на 21 декември во 2018 година по двајца осомничени лица.

Во соопштението на министерството се истакнува дека согласно поднесените барања Генералниот секретаријат на Интерпол издаде црвена потерница по 20 осомничени лица.

Согласно издадената потерница по наведените 20 лица ќе се трага по целиот свет.

Саудискиот новинар Џемал Кашички (Џамал Кашоги) беше жртва на ѕверско убиство во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, каде што на 2 октомври 2018 година отиде за да земе документ за венчавање.



Слични вести