Али Ербаш: Исламофобијата претставува замрачување на умот и сериозно злосторство против човештвото

Претседателот за верски прашања (Дијанетот) Али Ербаш истакна дека исламофобијата претставува замрачување на умот и сериозно злосторство против човештвото кое зад себе содржи расизам

1164364
Али Ербаш: Исламофобијата претставува замрачување на умот и сериозно злосторство против човештвото

Претседателот за верски прашања (Дијанетот) Али Ербаш даде изјави во врска со извршениот терористички напад на две џамии во градот Крајстчерч во Нов Зеланд во кој според последните добиени информации животот го загубија 49 муслимани, а најмалку 48 се ранети од кои 20 потешко.

Ербаш истакна дека исламофобијата претставува замрачување на умот и сериозно злосторство против човештвото кое зад себе содржи расизам.

Велејќи дека случајот претставува свесен и систематски терористички напад, Ербаш напомена дека нападите кои што се реализираат против муслиманите и џамиите во голем број земји претсавуваат очајна состојба и рече: „Оваа состојба никако не може да се прифати.“

„Исламофобијата претставува замрачување на умот, која е претворена во индустрија која произведува предрасуда и непријателство против светите вредности, светите објекти и припадниците на Исламот, верата на мирот.“ - рече Ербаш и подвлече дека исламофобијата претставува сериозно злосторство против човештвото кое зад себе содржи валкани врски.

Претседателот за верски прашања (Дијанетот) Али Ербаш напомена дека чувствува големо жалење поради нападот и додаде дека остро ги проколнува нападите врз џамиите.



Слични вести