Остра реакција од Ердоган до Нетанјаху: Ако се бара тиранин во светот, тоа си лично ти!

Претседателот Ердоган покажа остра реакција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со зборовите „ Нетанјаху, ти си тиранин, тиранин... Ако се бара тиранин (суров) во светот, тоа си лично ти“

1163073
Остра реакција од Ердоган до Нетанјаху: Ако се бара тиранин во светот, тоа си лично ти!

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган вчера во Конгресниот и културен центар „Миллет“ во претседателската палата Бештепе во Анкара им се обрати на учесниците на програмата на „5. Меѓународни награди за добрина“ во организација на Фондацијата за верски праша на Турција (ТДВ).

Ердоган покажа остра реакција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од чија страна беше наречен „диктатор“.

Тој рече: „Не покажаа ниту најмала чувствителност кон младите палестински девојки, хендикепираните, старците кои израелските војници ги измасакрираа пред камерите. Ете Нетанјаху бил многу вознемирен поради како што вели 'во земјата на Тајјип Ердоган новинарите се наоѓаат во затвор'. Нетанјаху ти си тиранин, тиранин. Моментално поради тоа што во Израел има избори се држат во затвор илјадници деца, жени, старци, зарем ти не си тој кој ги држи? Зарем ти не си тој кој врши зулум врз нив? Ако се бара тиранин (суров) во светот, тоа си лично ти. Зборуваш без срам и здосада. Зарем оние кои моментално во нашите свети места, во нашата Месџид-и Акса влегуваат во своите чизми не се твоите војници, полицајци? Зарем оние кои ги тепаат нашите верски личности не се вашите војници, полицајци? Со што ќе го објасниш тоа? Тоа не личи на неколку новинари кои лежат внатре, тоа нема никакво објаснување. А нас се обидуваш да не провоцираш, ние нема да западнеме во тоа. Бидејќи, ние сме припадници на една универзална религија која нема да западне во овие игри со провокација. Нема да западнеме во таа игра.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање го постави на мета и западниот свет кој молчи пред егзекуциите во Египет, во врска со што рече: „Не ја почувствуваа во своите срца болката на егзекутираните млади лица. Ете само пред неколку дена егзекутираа 9 млади. Сега се обраќам од овде; Еј Запад, Европска унијо, нели во земјите на ЕУ беше забранета смртната казна?“



Слични вести