Хулуси Акар: Турција очекува од САД да ги предадат борбените авиони Ф-35 во ноември

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека се очекува од САД да ги предадат борбените авиони Ф-35 на Турција во ноември оваа година

1163436
Хулуси Акар: Турција очекува од САД да ги предадат борбените авиони Ф-35 во ноември

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар вчера заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантите на воените родови, Управата на Здружението на пензионираните офицери на Турција (ТЕСУД) и се некои офицери, се состана на ручек во Домот на армијата во Сиххије во Анкара.

Во говорот што го одржа во оваа пригода министерот Хулуси Акар се осврна на изјавите на некои функционери на САД во врска со предавањето на борбените авиони Ф-35, а кои се изнесуваат како изговор на воздушно одбранбените системи С-400 кои што Турција ги купи од Русија

Акар истакна дека се очекува од САД да ги предадат борбените авиони Ф-35 на Турција во ноември оваа година.

Потсетувајќи дека Турција и покрај тоа што има потреба, се соочува со проблеми во набавување на воздушно одбранбени системи од некои земји членки на НАТО и дека оваа нејзина потреба ќе ја обезбеди со набавка на С-400 од Русија, Хулуси Акар напомена дека и покрај тоа што пристигнуваат одредени изјави од функционерите на САД моментално се одвива нормално процесот на предавање на борбените авиони Ф-35 на Турција.  

Нагласувајќи дека Турција ги исполнува сите свои одговорности кои што и припаѓаат нејзе по прашањето на авионите Ф-35, министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече: „Нашите пилоти, персоналот за одржување продолжуваат да добиваат обука во САД. Во ноември очекуваме авионите да дојдат во Малатја. Во врска со тоа се завршени нашите инфраструктурни подготовки во Малатја.“



Слични вести