Европскиот парламент (ЕП) усвои одлука за суспендирање на пристапните преговори на Турција со ЕУ

Во извештајот на Европскиот парламент (ЕП) за Турција за 2018 година се упатува повик „Европската унија (ЕУ) официјално да ги суспендира пристапните преговори со Турција“

1162997
Европскиот парламент (ЕП) усвои одлука за суспендирање на пристапните преговори на Турција со ЕУ

Вчера на пленарната седница на Европскиот парламент (ЕП) се гласаше за извештајот за Турција за 2018 година подготвен од страна на членот на Европскиот парламент (ЕП) холандската репортерка Кати Пири.

Притоа во изгласаниот извештај беше упатен повик „Европската унија (ЕУ) официјално да ги суспендира пристапните преговори со Турција.“

Извештајот со препорака „Европската унија (ЕУ) официјално да ги суспендира пристапните преговори со Турција“ беше усвоен со 370 гласа „за“ и 109 гласа „против“, додека 143'јца парламентарци беа воздржани.

Во извештајот кој што е во својство на препорака и не е обврзувачки беа наброени голем број елементи кои што ја привлекоа реакцијата на Турција.

Од друга страна, спротивно на повикот во извештајот на Европскиот парламент (ЕП) меѓу Анкара и Европската унија (ЕУ) продолжува да се води интензивна дипломатија.

По изминати приближно 4 години  утре во главниот град на Белгија, Брисел, ќе се одржи состанок на „Партнерскиот совет“ како највисок одлучувачки орган меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција.

Со состанокот ќе претседаваат министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу и високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

Освен тоа, на состанокот кој што е значаен од аспект на продолжување и разноликување на институционалниот дијалог меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) ќе присуствува и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

Страните ќе изнајдат можност за обемно разгледување на низа регионални прашања и билатералните односи.

Во тие рамки, се очекува да се разговара за прашања како што се визната либералзиација за турските граѓани, ажурирањето на Царинската унија, точката до која е дојдено во процесот за пристапување на Турција во ЕУ и соработката во борбата против тероризмот.



Слични вести