Турција ги суспендира летовите на авионите од типот Боинг 737 Макс 8 и Макс 9

Безбедноста на летовите и патниците секогаш се на преден план на нашата авиокомпанија

1162185
Турција ги суспендира летовите на авионите од типот Боинг 737 Макс 8 и Макс 9

Турција ги суспендира летовите на авионите од типот Боинг 737 Макс 8 и Макс 9

Министерството за транспорт и инфраструктура на Турција соопшти дека како превентива за обезбедување на безбедноста на летовите, се суспендираат летовите на авионите од типот Боинг 737 МАКС 8 и Боинг 737 МАКС 9.

Во соопштението беше истакнато дека оваа одлука беше донесена врз база на две различни авионски несреќи во рок од пет месеци на авионите од типот Боинг 737 МАКС 8 и Боинг 737 МАКС 9, чии причини беа разгледани и оценети од страна на Генералната дирекција за цивилно воздухопловство.

На крајот на извршеното вреднување е донесена одлука за суспендирање на летовите на авионите од типот Боинг 737 МАКС 8 и Боинг 737 МАКС 9 како превентива за обезбедување на безбедноста на летовите, беше нагласено во соопштението.

Во врска со прашањето соопштение објави и Турската авиокомпанија Туркиш ерлајнс (ТХЈ).

Во соопштението кое беше објавено од страна на Прес-центарот на Туркиш ерлајнс беше истакнато дека безбедноста на летовите и патниците секогаш се на преден план.

Во ескадрилата на Туркиш ерлајнс се наоѓаат 12 авиони од типот Боинг 737 МАКС и нивните летови се суспендираат на неодредено време.



Слични вести