Претседателот Ердоган: Нетанјаху, ти си тиранин кој ги масакрира седумгодишните палестински деца

Претседателот Ердоган реагираше остро против израелскиот претседател Бенјамин Нетанјаху за кого рече дека е тиранин кој ги масакрира седумгодишните палестински деца

1162719
Претседателот Ердоган: Нетанјаху, ти си тиранин кој ги масакрира седумгодишните палестински деца

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска во квартот Пурсаклар во Анкара говореше на свеченото ставање во употреба на неколку новоизградени проекти и во говорот што го одржа во оваа пригода се осврна и на вчерашниот напад на Израел на џамијата Месџид-и Акса.

Ердоган го нарече израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „Арамија кој е на чело на Израел“ и својата реакција ја продолжи со следните зборови: 

„Еј Нетанјаху, прибери се. Ти си тиранин кој ги масакрира седумгодишните палестински деца. Ти си тиранин кој ги става жените во ќелија. Твоите полијаци, војници во нашето свето место таму влегуваат со своите чизми. Ние не вршевме злосторство против ниту еден евреин во оваа земја, не го направивме против ниту една синагога она што го правите вие. Немојте да не провоцирате. Ние нема да западнеме во оваа игра, тоа е друго, меѓутоа на меѓународна арена ќе ја побараме од вас сметката за тоа.“

Велејќи „Пред секој напад на нашиот свет месџид ќе не најдат пред себе“ - рече претседателот Ердоган и нагласи дека нема да се дозволи Месџид-и Акса и Кубету'л Сахра да бидат извалкани со чизми. 

Тој подвлече: „Му издадов директива на мојот министер за надворешни работи. Ги води сите меѓународни разговори. И да би молчеле сите, ние нема да молчиме.“ 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган додаде дека до последниот здив ќе продолжи да се води борба за да се управува со Ерусалим (Кудс) во согласност со значењето што го има за исламскиот свет.



Слични вести