Омер Челик: Одлуката на ЕП е безвредна, неважечка и дискредитивна

Портпаролот на АК Партијата Омер Челик истакна дека усвоената одлука во Европскиот парламент (ЕП) за суспендирање на преговорите со Турција е безвредна, неважечка и дискредитивна одлука

1162952
Омер Челик: Одлуката на ЕП е безвредна, неважечка и дискредитивна

Прва реакција од Турција против скандалозната одлука на Европскиот парламент (ЕП).

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик со остри зборови го критикуваше усвојувањето во Европскиот парламент (ЕП) на извештајот кој што предложува суспендирање на преговорите со Турција.

Омер Челик рече: „Европскиот парламент го усвоил извештајот кој предложува да бидат суспендирани преговорите со Турција. Од наш аспект тоа е безвредна, неважечка и дискредитивна одлука.“

Омер Челик во соопштението што го објави на својата сметка преку социјалната медија напиша: „Оваа одлука е дискредитивна, тоа значи дека Европскиот парламент веќе е воден (раководен) од идеологијата на екстремната десница. Европскиот парламент се оддалечи од донесување на одлуки кои ќе бидат транспарентни и поддржувачки за демократскиот развој. Кон светот гледа од тесниот прозорец на екстремната десница.“

Велејќи дека од страна на секого се знае тоа оти лицето од чија страна е подготвен извештајот за Турција (репортерката Кати Пири) повеќе од демократијата е блиска со поддржувачите на тероризмот, портпаролот на владејачката АК Партија Омер Челик рече: „Европскиот парламент во чии сали се отвораат изложби на (сепаратистичко-терористичката организација) ПКК, со кое лице се обидува да ја осудува нашата демократија.“



Слични вести