Критики од Чавушоглу до Организацијата за исламска соработка која молчи пред Израел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во своето обраќање пред граѓаните на митингот во Анталија го критикуваше светот и особено земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кои молчат пред нападите на Израел

1162869
Критики од Чавушоглу до Организацијата за исламска соработка која молчи пред Израел

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу им се обрати на граѓаните на митингот во Анталија и истакна дека светот молчи пред Израел, а ги критикуваше и земјите членки на Организацијата за исламска соработка (ОИС).

Чавушоглу рече: „Израелските војници влегоа во џамијата Ал Акса во Ерусалим (Кудс) со тие нивни валкани чизми. Зарем има некој кој покажува реакција освен од нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, освен од нас, односно друг освен Турција? Во Организацијата за исламска соработка (ОИС) има 57 земји, зошто молчат? Бидејќи тие немаат една таква мака. Тие секогаш се плашат од Израел, се плашат од Америка, не можат да прозборат. Но ние треба да застанеме во одбрана на нашата света кауза. Ако не застанеме во одбрана ние, никој нема да застане во одбрана на нашите свети каузи.“

Во врска со недоличните зборови кои што ги употреби израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху против претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека реакција против Израел покажува претседателот Ердоган, како громовит глас на народот, како претседателот на Република Турција и како претседавач на Организацијата за исламска соработка (ОИС). 

„Израелскиот премиер денес се испитува поради корупција, примање мито и напаѓа за да собере поени на изборите во Израел. Ги напаѓа нашите свети места и за жал светот молчи.“ - рече Чавушоглу.



Слични вести