Во Измир започна дводневна конференција на командантите на корпуси на НАТО

Командантот на сојузничките копнени сили на НАТО генерал-полковник Џон Џ. Томсон истакна дека чувствува радост поради тоа што ги пречекува претставниците во градот Измир и дека доколку земјите членки се обединат поцврсто, НАТО ќе биде посилно

1162027
Во Измир започна дводневна конференција на командантите на корпуси на НАТО

Во Сојузничката копнена команда на НАТО во Буџа во градот Измир започна Конференцијата на командантите на корпуси на НАТО која се одржува со учество на претставниците на земјите членки на Алијансата.

На отворањето на конференцијата командантот на сојузничките копнени сили на НАТО генерал-полковник Џон Џ. Томсон истакна дека чувствува радост поради тоа што ги пречекува претставниците во градот Измир и дека доколку земјите членки се сплотат, НАТО ќе биде посилно.

Генерал-полковник Томсон соопшти дека конференцијата ќе трае два дена и објасни дека по добиените повратни информации од минатогодишната конференција годинава се направени мали измени во форматот, така што за потешките прашања ќе се разговара во вид на помали групи составени само од командантите.

Нагласувајќи го значењето на тимскиот дух и усогласеноста, Томсон рече: „Целта за одржување на оваа конференција е да чекориме заеднички како членки на НАТО, отворено да  дискутираме за идеите, да обезбеди взаемна помош при размена на мислења, да бидеме инспирирани едни од други. Не е значајно да одиме брзо, туку е значајно да одиме заедно гледајќи ја иднината. Ако чекориме поцврсто, сплотени како членки на НАТО, ќе бидеме посилни. Оваа конференција ќе претставува точка на транзиција за нас.“

Во меѓувреме, командантот на сојузничките копнени сили на НАТО генерал-полковник Џон Џ. Томсон им честита на Полска, Унгарија и Чешка по повод одбележувањето на 20-годишнината од нивното приклучување во НАТО.



Слични вести