Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најсакан светски лидер меѓу кувајтскиот народ

Според спроведеното испитување на јавното мнение на Кувајтчани, од страна на американскиот мисловен институт „Вашингтон Институт“, претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган е избран за најсакан светски лидер

1161562
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган најсакан светски лидер меѓу кувајтскиот народ

Кувајтскиот народ, меѓу светските лидери најмногу го сака претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Билатералните односи помеѓу Турција и Кувајт кои што со остварените взаемни посети на високо ниво се повеќе се развиваат, освен кај властите во Кувајт стануваат причина за добивање на позитивни резултати и кај народот во оваа земја.

Така според спроведеното испитување на јавното мнение на Кувајтчани, од страна на американскиот мисловен институт „Вашингтон Институт“, претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган е избран за најсакан светски лидер.

Резултатите од испитувањето, беа објавени од страна на кувајтскиот весник „Алгабас“ во веста под наслов „Кувајтчани му се лутат на Трамп, го сакаат Ердоган“.

Во веста се истакнува дека поддршката на американскиот претседател Доналд Трамп кај Кувајтчани изнесува околу 5 отсто, додека 64 отсто го сакаат Ердоган.

Според резултатите од ова испитување на јавното мнение, на второ место меѓу странските лидери по претседателот Ердоган, се наоѓа кинескиот претседател Ши Џинпинг, а внимание привлекува тоа што процентот на поддршка на рускиот опретседател Владимир Путин и на американскиот претседател Доналд Трамп е ист.

Инаку, кувајтскиот емир Шеикот Сабах ел-Ахмед ел-Џебир во 2017 година на два пати ја посети Турција, додека претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истата година оствари три посети на Кувајт.



Слични вести