Претседателот Ердоган: Дискриминацијата и сепаратизмот се под нашите нозе

Претседателот Ердоган на граѓаните во градот Ширнак им се обрати со следните зборови: „Дискриминацијата и сепаратизмот се под нашите нозе. Оваа земја, ова знаме, овој езан, оваа татковина се на сите нас.“

1161301
Претседателот Ердоган: Дискриминацијата и сепаратизмот се под нашите нозе

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган им се обрати на граѓаните во градот Ширнак и истакна дека веќе не можат да се поднесат солзите на мајките чии деца се киднапираат од страна на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

„Дискриминацијата и сепаратизмот се под нашите нозе.“ - рече Ердоган и својот говор го продолжи со следните зборови: „Оваа земја, ова знаме, овој езан, оваа татковина се на сите нас. Велиме еден народ. Секој оној кој живее во оваа татковина без разлика на неговото етничко потекло, му припаѓа на ист народ. Велиме едно знаме, крвта на нашите шехиди (паднати борци) од која ја добива својата боја ова знаме ја претставуваат заедничката борба на предците на сите нас. Една татковина, секоја педа од 780 илјади квадратни километри на оваа земја, е наша татковина. Една држава, ние немаме друга наша држава освен нашата последна држава Република Турција. Не може да се врши операција над оваа земја.“

Нагласувајќи дека Турција им излегува во пресрет и застанува во одбрана на угнетените и загрозените независно од нивното потекло, претседателот Ердоган рече: „Турција е првото место каде што ќе одат нашите арапски, курдски, туркменски браќа (кои бегаат од војната) во Ирак и Сирија. Оние кои избегаа од Кобани (Сирија) дојдоа во Турција. Ние не ги нарековме 'Курди'. Рековме дека 'ако тие се принудени да избегаат од Сирија ќе ги згрижиме'.“

„Ширнак нема ниту едно свое чедо да им го предаде на терористичките организации. Зарем овие терористи не ги киднапираа и однесоа на планина вашите деца на 12, 13, 14 и 15 годишна возраст? Ние немаме чеда кои би им ги дале на овие. Не можам да ги заборавам солзите на мајките кои седеа пред локалната самоуправа на Дијарбакир. Ги киднапираа децата и ги носеа на планина. Безмилосни, бескурпулозни, нечовечни, доведоа до очајни крикови кај моите браќа од југоисточниот дел. Веќе не можам да се поднесам мајките да пролеат ниту една капка солза.“ - рече претсеадтелот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање пред граѓаните на градот Ширнак.



Слични вести