Омер Челик: Изјавите од САД во врска со С-400 ја пречекоруваат границата

Портпаролот на владејачката АК Партијата Омер Челик истакна дека изјавите кои што доаѓаат од страна на САД во врска воздушно одбранбениот систем С-400 што Турција го купи од Русија, ги пречекоруваат границите

1161029
Омер Челик: Изјавите од САД во врска со С-400 ја пречекоруваат границата

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик во седиштето на партијата одржа состанок за претставниците на печатот каде што истакна дека изјавите кои што доаѓаат од страна на САД во врска воздушно одбранбениот систем С-400 што Турција го купи од Русија, ги пречекоруваат границите. 

Омер Челик рече: „Заедно со војната во Сирија потребата на Турција од воздушна одбрана се покачи на највисоко ниво. Се водеа обиди за добивање на Патриот (од САД), меѓутоа не бше одговорено позитивно на овие барања на Турција. Турција чиј воздушен простор беше отворен за закани требаше да се поддржува од страна на сојузниците на НАТО.“ 

Велејќи дека оние кои не и дадоа Патриот изнесуваат погрешни изјави по прашањето на купувањето на С-400, Челик нагласи дека С-400 можат да одговорат на потребите на Турција и дека се значајни и од аспект на трошоците и споделбата на технологија.

Омер Челик напомена дека САД прашањето со С-400 се обидуваат да го прикажат како став насочен против Турција и рече: „Немаат никакво значење изјавите без визија кон Турција. Турција не може да ја чека каприциозноста на некои. С-300 претходно им беа продадени на 23 земји кои се или не се членки на НАТО. Ваквиот став кон Турција претставува двоен стандард. Зошто го сметаат нормално тоа што Грција купи С-300. И Бугарија, Грција и Словачка се во НАТО.“

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) Омер Челик го додаде и следното: „Гледаме дека изјавите по ова прашање ја пречекоруваат границата, па дури достигнуваат до една неразумна и необјаснива точка како што е преразгледување на учеството на Турција во програмата за заедничко производство на борбениот авион Ф-35, и дека се употребуваат одредени изговори кои што не му доликуваат на сојузништвото во НАТО. Тоа не се правилни изјави. Работите меѓу сојузниците се решаваат со разговор. Овие видови закани нема да влезат внатре од вратата на Турција. И никој во Турција нема да ги слушне нив.“



Слични вести