Ердоган: „Трција нема да дозволи да се формира терористички коридор на северната страна на Сирија“

Турција води успешна борба против тероризмот

1160691
Ердоган: „Трција нема да дозволи да се формира терористички коридор на северната страна на Сирија“

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган рече дека Турција нема да дозволи да се формира терористички коридор на северната страна на Сирија против Турција.

Претседателот на државата и владејачката Партија за правда и развој (АКП) Реџеп Тајип Ердоган во рамките на митингот во Искендерун кај Хатај им се обрати на граѓаните.

Ердоган во говорот рече дека одредени средини вложуваат напори да предизвикаат дискриминација врз идејна и етничка основа. Со години се обидуваат да посеат раздор врз етничка, култруна, секташка основа. Фала му на Господ не успеаја во тоа.

Народот излезе во пресрет на единството и братството и залудни беа сите провокации.

На ист начин ќе им ги нарушиме сите игри во Сирија, Ирак против Турција како на маса така и на терен.

Како што ги поразивме терористите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ЈПГ во Африн и покрај тоа што им беа дадени илјадници шлепери оружје, ќе ги победиме и од Мунбич по целата должина на јужната граница. Нема да дозволиме да се формира терористички коридор нас северот на Сирија против Турција, рече претседателот Ердоган.



Слични вести