Заедничка поморска вежба на Турција и Русија во Црното море

Посадите на двете страни заедно работеа во Црното море, рече Рулјев и додаде дека бродовите работеле на чистење на подрачјата од евентуални мински полиња

1159528
Заедничка поморска вежба на Турција и Русија во Црното море

Турските поморски сили и Руската црноморска флота одржаа заедничка воена вежба во Црното море.

Претседателот на Одделот за обезбедување информации за црноморската морнарица на Русија Алексеј Рулјев рече дека посадата на два брода на поморската база Норосијск, заедно со патролниот брод „Василиј Бков“ и бродот миноловец „Валентин Пикул“, турската корвета „Бургаз“ и миноловецот „Акчај“ одржаа заедничка турско-руска воена вежба.

Посадите на двете страни заедно работеа во Црното море, рече Рулјев и додаде дека бродовите работеле на чистење на подрачјата од евентуални мински полиња.

Бродовите на турските поморски сили во рамките на заедничка воена вежба „Сина татковина 2019“ во Црното, Средоземното и Црното море се закотвија во пристаништето Новоросијск.



Слични вести