Турските вооружени сили ги започнаа патролите во подрачјето на Идлиб во Сирија

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар соопшти дека денеска Турските вооружени сили (ТВС) ќе почнат со патролирање во демилитаризираната зона, а руската армија во пограничната област надвор од подрачјето на градот Идлиб

1159760
Турските вооружени сили ги започнаа патролите во подрачјето на Идлиб во Сирија
tsk idlib devriye1.jpg

Турските вооружени сили (ТВС) ги започнаа патролите во областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб, во Сирија.

Активностите за патролирање се започнати во рамките на донесената одлука на 14 февруари на одржаниот троен самит во Сочи на кој учествуваа Турција, Русија и Иран.

Патролите се реализираат на линијата која што се протега на југот на градот Алепо и тоа почнувајќи од северниот дел на градот Идлиб, во демилитаризираната зона што беше формирана во склопот на постигната спогодба.

Маршрутата на воениот конвој за патрола на Турските вооружени сили (ТВС) се состои од следните 6 точки:

„Кефер Лусин и Дана северно од Идлиб, Етариб западно од Алепо, Гамари, Канатир и Тел Ејс југозападно од Алепо.“ 

Патролите се очекува да продолжат.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар беше денеска гостин на уредничкиот деск на Новинската агенција Анадолија АА (Anadolu Agency) и оттука соопшти дека денеска Турските вооружени сили (ТВС) ќе почнат со патролирање во демилитаризираната зона, а руската армија во пограничната област надвор од подрачјето на градот Идлиб.

Турските вооружени сили (ТВС), во рамките на постигнатите договори во Астана, во областа за намалување на затегнатоста во подрачјето на градот Идлиб располага со 12 воени пунктови за набљудување на прекинот на огнот. Руската армија пак, има 10 воени пунктови.

Согласно постигнатиот договор во Астана, Русија како земја гарант на Асадовиот режим, е обврзана за спречување на режимските напади.

Меѓутоа режимските сили не ги прекинаа нападите и покрај постигнатиот договор од Сочи помеѓу Турција и Русија, со кој се има за цел да се зајакне прекинот на огнот во подрачјето на градот Идлиб.

Воените опозиционери пак, согласно потпишаниот договор на 17 септември 2018 година,  на 10 октомври 2018 година го повлекоа тешкото оружје со кое што располагаа во ова подрачје.

Во реализираните воздушни и копнени напади од страна на Асадовиот режим и терористичките групи поддржани од Иран врз „областа за намалување на загетнатоста (деескалација) во подрачјето на градот Идлиб“, што значи прекршување на договорот од Сочи, од почетокот на годината досега, животот го загубија најмалку 111 цивили, а повеќе од 335 мина се ранети.

 



Слични вести