Акар: „Денес ќе започне контролата со околината на Идлиб во Сирија“

Турција ја воспостави потребната координација со Руската Федерација и Иран во однос на заедничкотопатролирање во Идлиб и околината

1159619
Акар: „Денес ќе започне контролата со околината на Идлиб во Сирија“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека денес Русија ќе почне со контролата на подрачјето во околината на сирискиот град Идлиб, додека турските вооружени сили ќе почнат со патролирање во зоната исчистена од оружје.

Во емисијата „Уредничка маса“ на Агенцијата Анадолија (АА), во рамките на 8 март, Меѓународниот ден на жената, министерот Акар одговараше на прашања на новинарите.

На прашањето во врска со тоа кога ќе започне заедничкото патролирање на со Русија во Идлиб, согласно одлуката која беше усвоена на Состанокот во Сочи на 14 февруари, Акар рече дека ја воспоставивме потребната координација со Руската Федерација и Иран во однос на прашањето.

Денес во подрачјата вон Идлиб со патролирањето ќе започне Русија, додека во зоните без оружје ќе започнат Турските вооружени сили. Во исто време, постоеја одредени ограничувања во врска со употребата на воздушниот простор на Идлиб и Африн. Почнувајќи од денес се укинуваат и овие ограничувања.

Режимот продолжува со бомбардирањето на цивилите, невините луѓе и тоа на безмилосен начин, рече Акар и додаде дека за спречување на нападите, Турција е во постојан контакт со Русија.

За нормализирање на хуманитарната состојба, воспоставување на примирјето, стабилноста Русија треба да изврши притисок врз актуелната власт и режимот во Сирија, поради што продолжуваат средбите за преземање на потребните превентиви на тоа поле.

 Турција нема никакви контакти со режимот во Сирија, рече Акар потенцирајќи дека средбите ги остваруваме со Русите и по потреба со Иран.

Во врска со тоа под кој ќе се наоѓа во безбедната зона, Акар рече дека Турските вооружени сили ќе бидат во безбедната зона. Тоа е дефинитивно. Приближувањето на терористите на ПКК или ЈПГ во подрачјето кое многу блиску до нашите граници, секако дека претставува опасност и закана како за земјата така и народот. Тоа неколкупати им го повторивме на нашите соговорници и продолжуваме да го изнесуваме овој наш став.



Слични вести