Турските воени бродови се укотвија во бугарското пристаниште во Варна

Фрегатата ТЏГ Кемалреис и подморницата ТЏГ Инону Први кои учествуваат во воените маневри „Сина татковина 2019) го посетуваат пристаништето во Варна, во Бугарија

1158859
Турските воени бродови се укотвија во бугарското пристаниште во Варна

Фрегатата ТЏГ Кемалреис и подморницата ТЏГ Инону Први, во рамките на воените вежби „Сина татковина 2019“ кои се реализираат истовремено на три мориња, Црното, Егејското и Средоземното Море, се укотвија во пристаништето на Варна во Бугарија.

Во објавеното соопштение од Амбасадата на Турција во Софија се истакнува дека воените вежби „Сина татковина 2019“ се реализира од страна на Командата на поморските сили во периодот од 27 февруари до 8 март, во водите на Црното, Егејското и Источното Средоземно Море.

„Од страна на единиците кои учествуваат на воените вежби се остварува посета на вкупно 40 пристаништа на три мориња од кои 33 во земјата и 7 во странство“ - се вели во соопштението и се напоменува дека во тие рамки фрегатата ТЏГ Кемалреис и подморницата ТЏГ Инону Први го посетуваат пристаништето во Варна, во Бугарија. 

Во соопштението се додава дека на крајот на посетата на пристаништето во Варна од страна на фрегатата ТЏГ Кемалреис заедно со елементите на бугарските поморски сили ќе се реализира обука со парада.

Во меѓувреме и во објавеното соопштение од Бугарската национална телевизија (БНТ) се нагласува дека со активностите кои што ќе се реализираат заеднички од страна на турските воени бродови и фрегатата Бодри на бугарските поморски сили во бугарските територијални води на Црното Море, ќе се зголеми усогласеноста помеѓу силите на двете земји сојузнички на НАТО.

Поморските воени вежби „Сина татковина 2019“ кои се реализираат во ист момент во три мориња (Егејското, Средоземното и Црното Море) и кои се најголеми воени вежби во историјата на Турција, ќе завршат на 8 март.



Слични вести