Порака од претседателот Ердоган по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената

Ердоган во својата порака по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената напиша: Секогаш ќе бидеме против злоупотребата на жените поради нивната полова припадност, а во нивните потраги по правда и рамноправност секогаш ќе бидеме покрај нив.

1159114
Порака од претседателот Ердоган по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената.

Ердоган во својата порака привлече внимание дека насилството и притисокот врз жената претставува проблем со кој што се соочуваат сите жени во светот и рече: „Секогаш ќе бидеме против злоупотребата на жените поради нивната полова припадност, а во нивните потраги по правда и рамноправност секогаш ќе бидеме покрај нив.“ 

Потсетувајќи дека со начин на сфаќање на оската на праведноста и правдата се водат активности за издигнување на статусот на жените во сите сфери од животот, Ердоган напомена дека напредувајќи кон целите за 2023 година постои одлучност за издигнување до уште повисок степен на жените во секоја сфера. 

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во својата порака по повод 8-ми Март Меѓународниот ден на жената  го истакна и следното: „Претставува задача на секој човек да застане покрај жените против неправдите и дискриминациите на кои што се подложени. Им го честитам Светскиот ден на жената на сите наши жени кои со нивниот труд, срца исполнети со љубов и пожртвуваноста го разубавуваат нашиот свет, го прават светот подобро место за живеење и ја поттикнуваат надежта на човештвото.“

 



Слични вести