Турски воени бродови се укотвија во украинското пристаниште во Одеса

Турските воени бродови кои пристигнаа во пристаништето во Едеса во склопот на поморските воени вежби „Сина татковина 2019“, одредено време ќе бидат отворени за посета на украинските граѓани

1158370
Турски воени бродови се укотвија во украинското пристаниште во Одеса

Фрегатата ТЏГ Барбарос и десантниот чамец ТЏГ Марти во рамките на воените вежби „Сина татковина 2019“кои што се реализираат истовремено на три мориња, Црното Море, Средоземното Море и Егејското Море, се укотвија во украинското пристаниште во Одеса.

Турските воени бродови кои пристигнаа во пристаништето во Одеса во склопот на поморските воени вежби „Сина татковина 2019“ како најголеми вежби во историјата на Република Турција, одредено време ќе бидат отворени за посета на украинските граѓани.

Турските поморски сили ќе посетат 7 пристаништа и во земјите кои излегуваат на Црното Море, со што со посетување на вкупно 40 пристаништа ќе фрлат потпис на уште една новина во историјата на Републиката. 

Турски воени функционери укажуваат на тоа дека посетите на пристаништа во странство имаат значаен придонес за развојот на пријателството и мирот.

Тактичните воени вежби „Сина татковина 2019“ освен тоа што се најголемите воени вежби во историјата на Република Турција, кои истовремено се реализираат на три мориња, Црното, Средоземното и Егејското Море, воедно се воени вежби кои се реализираат со обострано декларирање на Грција и Турција, а во рамките на мерките за зголемување на довербата помеѓу двете земји.



Слични вести