Сојлу најави заедничка операција на Турција и Иран против терористичката организација ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу најави дека Турција ќе реализира заедничка операција со Иран против сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1158272
Сојлу најави заедничка операција на Турција и Иран против терористичката организација ПКК

Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу направи проценка на актуелниот дневен ред за Новинската агенција Анадолија (Anadolu Agency-AA).

Сојлу истакна дека Турција ќе реализира заедничка операција со Иран против сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Нагласувајќи дека во реализираните операции во последните години и се зададени големи загуби на сепаратистичко-терористичката организација ПКК, Сојлу напомена дека доста е намалено приклучувањето на нови членови кон организацијата и дека воедно е зголемен бројот на оние кои се предаваат.

Сулејман Сојлу истакна дека на границите се преземени сериозни мерки и дека на јужната граница на Турција е формиран едниот од најмодерните системи во светот.

„Со сензори и камери го поставивме едниот од најмодерните системи во светот. Продолжуваме да доградуваме. Границите можат да се следат со камери од секаде.“ - рече Сојлу.

Осврнувајќи се на тоа дека во овој процес е воспоставена значајна соработка и со Иран, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу рече: „Направивме проценки со Иранците. Ова го велам за прв пат. Со Иран, Иншаллах, ќе реализираме заедничка операција против ПКК. Реализацијата на заедничка операција претставува долго време, тоа е теза на турската држава.“ 

Сојлу нагласи дека со Иран за прават се прават и взаемни разузнавачки проценки и дека се фрлаат безброј добри чекори.



Слични вести