Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција Бергер: Турција е значаен трговски партнер на ЕУ

Шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер истакна дека Турција е значаен трговски партнер на ЕУ и дека на ист начин и ЕУ е од драгоцено значење за Турција

1158004
Шефот на делегацијата на ЕУ во Турција Бергер: Турција е значаен трговски партнер на ЕУ

Шефот на делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер, во дадените изјави за Новинската агенција Анадолија истакна дека Турција е значаен трговски партнер на ЕУ и дека на ист начин и ЕУ е од драгоцено значење за Турција.

Потсетувајќи дека минатата недела во Истанбул беше одржан состанок на високо ниво, бергер напомена дека повеќе од 50 отсто од извозот на Турција се реализира за Европа.

Бергер наведе дека повеќе од 67 отсто од директните инвестиции доаѓаат во Турција од Европа и рече: „Турските производители се значаен дел од синџирот на производство и снабдување и тоа е мошне значајно. Европскиот пазар е во положба на врата која што се отвора кон глобалниот пазар. Дружењето меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција пак, ќе продолжи.“

Појаснувајќи дека ЕУ го цени сето она што го прави Турција по прашањето на бегалците, шефот на  делегацијата на Европската унија (ЕУ) во Турција амбасадорот Кристијан Бергер рече: „Турција ги згрижува Сиријците. Им обезбедува безброј услуги како што се училиште, клиника и сл. И ние во 2016 година им доделивме финансиска поддршка на бегалците и оние кои ги згрижуваат.“



Слични вести