Мевлут Чавушоглу: Глобалниот систем е недоволен за решавање на присутните проблеми

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека глобалниот систем е недоволен за решавање на присутните проблеми

1158253
Мевлут Чавушоглу: Глобалниот систем е недоволен за решавање на присутните проблеми

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со студентите на Универзитетот 17 септември во бандирма во градот Баликесир и во говорот што го одржа во оваа пригода се осврна на надворешната политика на Турција.

Чавушоглу истакна дека глобалниот систем е недоволен за решавање на присутните проблеми.

Велејќи дека доколку не се презентира праведен и принципиелен начин на однесување во надворешната политика иницијаторството ќе остане на збор и празните зборови ќе немаат никако значење, Мевлут Чавушоглу нагласи дека денешниот глобален систем е недоволен за решавање на присутните проблеми.

„Обединетите нации (ОН, Европската унија (ЕУ) и Советот на Европа и т.н. Дали се успешни во решавањето на овие проблеми за кои што денеска говорам? Дали имаат превентивни политики? Дали можат да ги сопрат судирите? Дали можат да одговорат на очекувањата? Дали одлучувачките механизми се доволни? Односно, накусо денешниот глобален систем е недоволен, нели?“ - рече Чавушоглу.  

Тој рече дека се доживуваат негативни случувања кои што ги ерозираат и потресуваат од корен сите вредности кои што ја обединија Европа по формирањето на организациите како што се Европската унија (ЕУ) и Обединетите нации (ОН).

Чавушоглу својот говор го продолжи со следните зборови: „Гледаме дека постојат движења како што се нетолеранцијата, расизмот, непријателството кон странците, омразата кон другиот, т.ј. секој оној кој не е од нив, непријателството кон мигрантите, односно се што го забрануваат човештвото и нашето верување; и сето тоа почна да не потсетува на Европа и светот пред Втората светска војна.“ 

По своето обраќање, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу одговараше на прашањата на студентите, а потоа реализира и неколку новоизградени проекти на универзитетот.



Слични вести