Состанокот на Партнерскиот совет меѓу ЕУ и Турција ќе се одржи на 15 март во Брисел

На состанокот турската делегација ќе ја предводи министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, а делегацијата на ЕУ високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини

1157529
Состанокот на Партнерскиот совет меѓу ЕУ и Турција ќе се одржи на 15 март во Брисел

Состанокот на Партнерскиот совет, како највисок одлучувачки орган меѓу Европската унија (ЕУ) и Турција ќе се одржи на 15 март во главниот град на Белгија, Брисел.

Според добиени информации од дипломатски извори, на состанокот кој што е значаен од аспект на продолжувањето и разноликувањето на институционалниот дијалог со Европската унија (ЕУ) турската делегација ќе ја предводи министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу, а делегацијата на ЕУ високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини.

На состанокот ќе учествува и Јоханес Хан, членот на Европската комисија (ЕК) одговорен за проширување.

Страните за време на овој состанок ќе изнајдат можност за обемна проценка на актуелните регионални прашања и односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Во тие рамки се очекува да бидат разгледани низа прашања како што се визната либерализцаија, ажурирањето на Царинската унија, точката до која е дојдено во процесот на пристапување на Турција кон ЕУ и соработката во борбата против тероризмот.

Последните состанок на Партнерскиот совет меѓу Турција и Европската унија (ЕУ) т.ј. 53'от состанок, беше одржан на 18 мај 2015 година во Брисел.

Од друга страна, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во рамките на својот престој во Брисел по повод овој состанок, се предвидува да учествува и на конференцијаат за Сирија што ќе се одржи на 13 и 14 март.



Слични вести