Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги следеше воените вежби „Сина татковина“

Воените вежби „Сина татковина“ кои што се најголемите вежби во историјата на Република Турција и се реализираат со учество на 103 воени бродови, истовремено се одржуваат на три мориња, Црното Море, Средоземното Море и Егејското Море

1157266
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар ги следеше воените вежби „Сина татковина“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантите на родовите ги следеше воените важби „Сина татковина“ од авионот за предвремено информирање и контрола (ХИК) на Командата за воздушни сили.

Акар истакна дека продолжуваат работите за одбрана и зачувување на правата и интересите на Турција во Егејското Море, Средоземното Море и Црното Море.

Во Контролниот центар на воените вежби во Командата на морнарицата од каде што се раководи и управува со воените вежби, министерот Акар беше информиран од страна на командантите кои учествуваат на воените вежби „Сина татковина“, а потоа достави одредени директиви и им посака успех на учесниците, по што заедно со командантите во негова придружба се качи на авионот за предвремено информирање и контрола (ХИК) на Командата за воздушни сили.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар и командантите во негова придружба учествуваа во летот на авионот по име „Запад“ (Batı) кој се наоѓа на задача во рамките на воените вежби и овде беше информиран во врска со активностите кои што се реализираат.

Акар и овде достави одрдени директиви и им се обрати на единиците на задача во воените вежби „Сина татковина“ со токи воки.

Велејќи дека воените вежби „Сина татковина“ продолжуваат со голем успех, Акар им честита на сите кои имаат заслуга во тоа.

Хулуси Акар напомена дека во рамките на воените вежби „Сина татковина“ е стекната можност за да се покаже силата на турските поморски сили пред сите, дека добиените резултати се задоволувачки и дека воените вежби се крајно успешни.

„Продолжуваме да ги исполнуваме целосно нашите работи за одбрана и зачувување на правата и интересите на нашата земја и нашиот народ во Егејското Море, Источниот Медитеран и Црното Море.“ - рече министерот за национална одбрана Хулуси Акар.

Воените вежби „Сина татковина“ кои што се најголемите вежби во историјата на Република Турција и се реализираат со учество на 103 воени бродови, започнаа на 2 март и ќе траат до 5 март, истовремено се одржуваат на три мориња, Црното Море, Средоземното Море и Егејското Море. 

 

 



Слични вести