Чавушоглу покажа реакција против исламските земји кои не застануваат доволно во одбрана на Ерусалим

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу истакна дека земја која најмногу застанува во одбрана на каузата за Ерусалим е Турција, додека другите исламси земји се плашат од САД и Израел

1156623
Чавушоглу покажа реакција против исламските земји кои не застануваат доволно во одбрана на Ерусалим

Министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу кој престојува во градот Хатај овде покажа реакција против исламските земји кои не застануваат доволно во одбрана на Ерусалим (Кудс). 

Чавушоглу истакна дека земја која најмногу застанува во одбрана на каузата за Ерусалим е Турција, додека другите исламси земји се плашат од САД и Израел.

„Дури има некои земји кои вршат притисок врз Палестинците велејќи им 'И вие немојте многу да го кревате гласот' .“ - рече Тој.

Изнесувајќи ја својата реакција против исламските земји со зборовите „Овие ли ќе застанат во одбрана на Ерусалим (Кудс)?“, Чавушоглу го изјави следното: „Во изминатите 2 години на исламските самити и во Генералното заседание на Обединетите нации (ОН) кога обезбедивме да се донесе одлука со убедливо мнозинство против САД и Израел, ја видовме плашливоста, треперењето од страв на овие земји. Тие не се независни, но ние сме независна земја. Нашите сопствени одлуки ги донесуваме ние самите.“

Осврнувајќи се на значењето да се биде интегриран со светот, Чавушоглу појасни дека Турција напредува со брзи чекори и во бројот на свои претставништва во светот и рече: „Веќе во светот имаме 242 наши претставништва, секаде се виори нашето знаме. Во бројот на претставништва се искачивме на петтото место во светот. Станавме земја која доделува најмногу хуманитарна помош во светот. По сумата, според националниот доход сме на прво место. Пред две години велевме дека сме први според националниот доход, втори според сумата. Сега сме први и според сумата.“

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својот говор го истакна и тоа дека Турција вложува напори за изнаоѓање трајно решение во Сирија и го ддоаде следното: „Иншаллах (со Аллахова помош) ќе ги исчистиме од тоа подрачје и терористите во источниот дел на реката Еуфрат, или ќе ги исчистиме, или ќе ги исчистиме, нема друга алтернатива.“



Слични вести