Чавушоглу: Едниот од приоритетите на нашата надворешна политика е да се одбрани историскиот и правниот статус на Ерусалим

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека едниот од приоритетите на надворешната политика на Турција е да се одбрани историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс)

1155938
Чавушоглу: Едниот од приоритетите на нашата надворешна политика е да се одбрани историскиот и правниот статус на Ерусалим

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу учествуваше на консултациониот состанок на палестинските амбасадори на задача во европските земји.

Во говорот што го одржа во оваа пригода министерот Чавушоглу рече: "Едниот од приоритетите на нашата надворешна политика е да се одбрани историскиот и правниот статус на Ерусалим (Кудс). Тоа претставува света кауза за нас. Го вложуваме секој вид напор за привлекување на вниманието на меѓународната заедница кон неправдата во Ерусалим (Кудс)."

Чавушоглу напомена дека Израел кој продолжува со спроведување на нечовечното ембарго врз Газа води непристојна кампања која што се храни од насилството во правец на исклучување на решението со две држави.

Тој рече: "Така и таканаречениот Закон за национална држава кој што минатата година беше усвоен во израелскиот Парламент (Кнесетот), претставува нов пример што го презентира овој менталитет. Апсолутно нема да дозволиме овие видови иницијативи да причинат сенка над нашата цел за достигнување до праведен и траен мир по пат на дијалог и дипломатија. Се додека Израел ги интензивира своите незаконски активности ние ќе вложуваме многу поголеми напори на меѓународен  план за постигнување на мир и правда."

Велејќи дека не ги оценуваат за праведно и санкциите врз Иран, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: "Сметаме дека приклештувањето во ќош на Иран на овој начин е многу ризично и опасно и за регионот."



Слични вести