Ердоган: Турција е подготвена да стори се за намалување на тензијата помеѓу Пакистан и Индија

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е подготвена да стори се што и се паѓа нејзе за да помогне во намалувањето на тензијата помеѓу Пакистан и Индија

1155708
Ердоган: Турција е подготвена да стори се за намалување на тензијата помеѓу Пакистан и Индија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган говореше во градот Трабзон каде што истакна дека Турција е подготвена да стори се што и се паѓа нејзе за да помогне во намалувањето на тензијата помеѓу Пакистан и Индија.

Упатувајќи повик за воздржаност и до двете земји, Ердоган рече: „Зголемувањето на затегнатоста, да се долива масло на огнот, не е во корист за никого.“

Претседателот Ердоган продолжи со следните зборови: „Рековме дека сме подготвени да сториме се што ни се паѓа по прашањето на намалување на тензијата. Ослободувањето на заробениот пилот вчера, од страна на нашите пакистански браќа е чекор кој што заслужува секаква пофалба. Да се долива масло на огнот не е и нема да биде во корист на никого. Посакуваме на овој чекор да возврати и Индија. Верувам дека со дипломатските напори и на Турција, овој тежок период во кусо време ќе биде надминат.“



Слични вести