Ердоган: Новиот брод Јавуз ќе ги започне активностите за дупчење во Средоземното Море

Претседателот Ердоган истакна во градот Ризе истакна дека новиот брод за сондажа (дупчење) Јавуз по одржувањето и контролите ќе ги започне активностите за дупчење за истражување нафта во Средоземното Море

1155697
Ердоган: Новиот брод Јавуз ќе ги започне активностите за дупчење во Средоземното Море

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган се обрати пред насобраните граѓани во градот Ризе и притоа истакна дека новиот брод за сондажа (дупчење) Јавуз по одржувањето и контролите ќе ги започне активностите за дупчење за истражување нафта во Средоземното Море.

Ердоган рече: „Нашиот брод нарчеен Фатих работи во близина на Анталија. На нашиот втор брод му го дадовме името Јавуз. Јавуз ќе започне со активностите за дупчење и истражување на нафта во Средоземното Море. Верувам дека наближуваат деновите кога ќе добиеме радосни вести од активностите на нашите бродови.“

Велејќи дека новиот брод за дупчење Јавуз е едниот од 16'те бродови за ултра длабоко дупчење во светот кои располагаат со исти стандарди, Ердоган рече: „ Ние како Турција сме одлучни за искористување на најдобар начин на нашите права за истражување на природен гас и нафта во Источниот Медитеран и Црното Море. Фатих и Јавиуз се два значајни фрлени чекори во оваа насока.“



Слични вести