Чавушоглу: Разговорите со САД за Патриот продолжуваат, но тоа нема да влијае на купувањето на С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се водат разговори со САД за купување на противвоздушно одбранбениот ракетен систем Патриот, но напомена дека купувањето на Патриот нема да влијае на купувањето на рускиот ракетен систем С- 400

1155693
Чавушоглу: Разговорите со САД за Патриот продолжуваат, но тоа нема да влијае на купувањето на С-400

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера беше гостин во програмата на една локална телевизија која што емитува во подрачјето на градот Ескишехир.

Чавушоглу истакна дека се водат разговори со САД за купување на противвоздушно одбранбениот ракетен систем Патриот, но напомена дека купувањето на Патриот нема да влијае на купувањето на рускиот ракетен систем С- 400.

Велејќи дека преговорите во врска со С-400 се завршени и дека договорот е потпишан, Чавушоглу рече: „Ќе бидат предадени кон крајот на оваа година наесен. Ние купивме С-400 поради тоа што не можевме да купиме Патриот. До денеска по прашањето на Патриот, како последно пристигна позитивен одговор од Американците на писмото што го испративме пред приближно 2 години и преговорите започнаа. Ние имаме потреба од противвоздушно одбранбен систем. Во нашето опкружување има сериозни ризици и закани. Постојат ризици и од ракети. На тој начин ние мораме да го одбраниме воздушниот простор на нашата земја.“

Подвлекувајќи дека за купување на противвоздушно одбранбениот ракетен систем Патриот треба да се пазарува и да се постигне договор во одредена точка, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Не може да се каже 'Јас сакам да продадам, но ќе реализирам продажба под мои услови'. Овие видови системи си имаат одредена вредност. Овде постојат услови и на Турција. Не е значајно да поставува услови само Америка. Второ и најзначајно е Америка тоа да го одобри од сопствениот конгрес. Треба да го загарантира и тоа. Досега се соочивме со тешкотии при купување и на некои обични оружја од Америка. По прашањето на Патриот и во однос на други прашања би седнале и би преговарале со секоја земја. Ако се договориме, ако тоа е во наша корист, ќе ги купиме.“



Слични вести