Чавушоглу: Имаме договор за слободна трговија со 20 земји, меѓутоа преговараме и со 17 земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција денеска има постигнато договор за слободна трговија со 20 земји и дека се преговара со 17 земји од кои со 8 земји взаемно е потврдено да се постигне договор за слободна трговија

1155701
Чавушоглу: Имаме договор за слободна трговија со 20 земји, меѓутоа преговараме и со 17 земји

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу говореше во градот Бурса каде што меѓу другото истакна дека Турција води преговори за слободна трговија со 17 земји и дека со 8 земји взаемно е потврдено да се постигне договор за слободна трговија.

Велејќи дека една од наведените 8 земји се САД и дека двете земји со меѓусебниот договор за слободна трговија би можеле да остварат надворешна трговија во износ од 75 милијарди долари, Чавушоглу рече: „Денеска функционира добро нашиот договор за слободна трговија со 20 земји. Во трговската рамнотежа со некои земји доаѓа до неурамнотеженост во нивна или во наша полза. Тоа пак, се обидуваме да го компензираме (надоместиме) со разноликување на видовите стоки во трговијата или со зголемување на инвестирањата. Денеска имаме со договор за слободна трговија со 20 земји, меѓутоа преговараме и со 17 земји. Односно водиме мошне цврсти преговори со голем број земји од Еквадор до Украина до Јапонија и од Тајланд до Индонезија. Во наредните денови имаме можност да потпишеме со Украина, дојдовме до крај.“

Чавушоглу истакна дека во месец јуни ќе биде потпишан договор со Јапонија и дека прашањето било потврдено со соговорниците за време на последната остварена средба на оваа земја.

Осврнувајќи се и на прашањето со туризмот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја изнесе следната констатација: „Во врска со туризмот имаме цели. Достигнуваме и до тие цели. Нашиот претседател (Реџеп Тајјип Ердоган) за 2023 година рече '50 милиони туристи, 50 милијарди приходи'. До овие напи цели почнавме да достигнуваме дури отсега.“



Слични вести