Турција го осуди терористичкиот напад во Могадишу, Сомалија

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за смртта и ранувањето на голем број лица во денешниот терористички напад во Могадишу

1155269
Турција го осуди терористичкиот напад во Могадишу, Сомалија

Турција го осуди терористичкиот напад што беше извршен денеска во главниот град на Сомалија, Могадишу.

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи се истакнува дека со жалење е дочекана веста за смртта и ранувањето на голем број лица во денешниот терористички напад во Могадишу.

„Остро го осудуваме овој гнасен терористички напад, на загинатите во нападот им посакуваме милост од Аллах, на ранетите побрзо оздравување и го изразуваме нашето сочувство до пријателската и братска сомалиска влада и сомалискиот народ.“ - стои во соопштението на Министерството за надворешни работи.

Инаку, во експлозијата на возило натоварено со бомби денеска во близина на еден хотел во сомалискиот главен град Могадишу и во вооружениот судир до кој дојде потоа помеѓу терористичката група и полицијата, животот го загубија 18 лица.

Сомалиската полиција соопшти дека во терористичкиот напад беа ранети и најмалку 40 лица.



Слични вести