Продолжува враќањето на Сиријците во областите исчистени од терориистичките ЈПГ/ПКК и ДЕАШ

70 Сиријци кои живееја во различни градови на Турција, меѓу кои и жени и деца, во склопот на „Програмата за доброволно враќање назад“ по реализираните законски процедури на граничниот премин Онџупинар, беа качени во автобус и се вратија во својата земја

1155170
Продолжува враќањето на Сиријците во областите исчистени од терориистичките ЈПГ/ПКК и ДЕАШ

Некои Сиријците кои бегајќи од граѓанската војна во нивната земја се засолнаа во Турција продолжуваат да се враќаат назад во своите домови во областите кои со операциите на Турските вооружени сили (ТВС) Еуфратски штит и Маслиново гранче, беа исчистени од терористичките организации ЈПГ/ПКК и ДЕАШ. 

70 Сиријци кои живееја во различни градови на Турција, меѓу кои имаше и жени и деца, во склопот на „Програмата за доброволно враќање назад“ по реализираните законски процедури во бирото на Дирекцијата за миграција во објектите за сместување во Онџупинар беа качени во автобуси и испратени во нивната земја.

По реализираните операции од страна на Турските вооружени сили (ТВС) во северниот дел на Сирија, Еуфратски штит и Маслиново гранче, во рамките на Програмата за доброволно враќање назад досега се вратија во својата земја приближно 315 илјади Сиријци.



Слични вести