Чавушоглу: Во Европа не постои закон кој ќе ги штити муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу привлече внимание кон порастот на расистичките и антиисламските случаи во Европа и рече дека во Европа не постои закон кој ќе ги штити муслиманите

1155096
Чавушоглу: Во Европа не постои закон кој ќе ги штити муслиманите

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во градот Ескишехир се состана со претставниците на граѓанските организации и деловниот свет.

Во своето обраќање овде министерот Чавушоглу привлече внимание кон порастот на расистичките и антиисламските случаи во Европа.

Чавушоглу напомена дека во Европа не постои закон кој ќе ги штити муслиманите и рече: „Денеска кога ќе погледнеме кон Европа расизмот е во подем до крајни граници, постојат нетолеранција и непријателство кон религијата против секого кој не е од нив, непријателство кон исламот, антисемитизам.“

Нагласувајќи дека во Европа на високо ниво се наоѓаат и антисемитизмот и непријателството кон исламот, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Меѓутоа поради тоа што против антисемитизмот постојат многу строги закони, никој не може да го изнесе тоа, вклучувајќи ги и политичарите. Меѓутоа, не постои ниту еден закон кој ќе ги штити муслиманите. Затоа многу лесно вршат непријателство кон исламот.“

 



Слични вести