Зетот и искусниот советник на Трамп, Џаред Кушнер примен кај претседателот Ердоган

На приемот на зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов искусен советник и асистент Џаред Кушнер кој во Анкара допатува по остварените посети на неколку Блискоисточни земји, присуствуваше и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак

1153959
Зетот и искусниот советник на Трамп, Џаред Кушнер примен кај претседателот Ердоган

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, вчера во претседателската палата во Бештепе, во Анкара го прими зетот на американскиот претседател Доналд Трамп и негов искусен советник и асистент Џаред Кушнер, кој допатува во посета на Турција.

На приемот на Кушнер, кој во Анкара допатува по остварените посети на неколку Блискоисточни земји, присуствуваше и министерот за трезор и финансии Берат Албајрак.

Во објавеното соопштение од страна на Белата куќа во врска со приемот се истакнува дека на средбата на Кушнер со претсеадтелот Ердоган присуствувале и специјалниот претставник на САД за меѓународни преговори Џејсон Гренблат и специјалниот претставник за Иран Брајан Хук. 

Во соопштението се вели дека на средбата било разговарано и за прашањето за унапредување на односите помеѓу двете земји, како и за напорите кои што ги вложуваат Анкара и Вашингтон за изнаоѓање решение на проблемите помеѓу Палестина и Израел.

Во соопштението се додава дека на средбата воедно биле поставени на дневен ред инвестициите кои што би можеле да се реализираат за доведување во подобра состојба на регионалните услови.

 



Слични вести