Средба на претседателот Ердоган и претседателот на Чад Идрис Деби Итно

По средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји, двајцата претседатели Идрис Деби Итно и Реџеп Тајјип Ердоган одржаа заеднички состанок за претставниците на печатот

1154132
Средба на претседателот Ердоган и претседателот на Чад Идрис Деби Итно

Претседателот на Чад Идрис Деби Итно вчера во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, се состана со претседателот Реџеп тајјип Ердоган.

По средбата лице в лице и разговорите помеѓу делегациите на двете земји, двајцата претседатели Итно и Ердоган одржаа заеднички состанок за претставниците на печатот.

Во оваа пригода гостинскиот претседател на Чад Идрис Деби Итно рече: „Тероризмот е чума на времето во кое живееме и на векот.“

Тој истакна дека потпишале договор со луѓе за кои не знаеле дека всушност се терористи и дека за тоа дознале благодарение на помошта на Турција.

„Заедничката борба, мислам дека ќе овозможи да биде искоренет тероризмот, и за двете страни. Ова прашање е чума на времето во кое живееме и на векот.“

Велејќи дека чувствува задоволство од заедничката волја што ја покажуваат и двете страни по прашањето на развојот на соработката, Итно привлече внимание дека во Турција допатува во придружба на министри и претставници на приватниот сектор.

Претседателот на Чад Идрис Деби Итно појасни дека на остварените разговори за кои што рече дека „поминале крајно успешно“ станало збор за тоа како би можела да се распространи соработката во различни сфери, а воедно напомена дека свесни за постоечкиот потенцијал помеѓу Турција и Чад се искористуваат можностите кои што се пружат.  

Итно исто така нагласи дека со новите потпишани договори за соработка е зајакната соработката помеѓу двете земји согласно претходно потпишаните договори и во сферите на одбраната, земјоделството и индустријата.



Слични вести