Средба на министерот за национална одбрана Акар со сомалискиот министер за одбрана Хасан Али Мухамед

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар пред да се премине на разговори истакна дека најискрена желба на Турција е Сомалијците да живеат во доверба и спокојство

1154359
Средба на министерот за национална одбрана Акар со сомалискиот министер за одбрана Хасан Али Мухамед

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со министерот за одбрана на Сомалија Хасан Али Мухамед кој престојува во посета на Анкара.

Сомалискиот министер за одбрана Мухамед од страна на министерот Акар беше пречекан со воена церемонија во Министерството за национална одбрана.

На церемонијата на дочек од страна на воениот оркестар беа интонирани националните химни на двете земји, по што гостинскиот сомалиски министер за одбрана Хасан Али Мухамед ја поздрави почесната гарда на турски со зборовите „Мерхаба аскер“. 

Сомалискиот министер се потпиша во спомен книгата на министерството, а потоа двајцата министри за одбрана Акар и Мухамед претседаваа со разговорите меѓу делегациите на двете земји.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар пред да се премине на разговори истакна дека најискрена желба на Турција е Сомалијците да живеат во доверба и спокојство. 

Акар рече: „нашата најискрена желба е нашите браќа Сомалијци да живеат во доверба и спокојство. Нашите сомалиски браќа во најскоро време ќе живеат во доверба и спокојство, онака како што го заслужуваат тоа.“

На разговорите стана збор за прашања посветени на соработката помеѓу двете земји во воената и одбранбената сфера.



Слични вести