Берат Албајрак: Во последните години е остварен раст во економската соработка меѓу Турција и ЕУ

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак одржа заедничка прес конференција со потпретседателот на ЕК Јирки Катаинен при што истакна дека во последните години е остварен раст во економската соработка меѓу Турција и Европската унија (ЕУ)

1154471
Берат Албајрак: Во последните години е остварен раст во економската соработка меѓу Турција и ЕУ

Министерот за трезор и финансии Берат Албајрак и потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Јирки Катаинен по состанокот за Економски дијалог меѓу ЕУ и Турција во Истанбул, одржаа заедничка прес конференција.

Министерот Албајрак привлече внимание дека во последните години е остварен раст во економската соработка меѓу Турција и Европската унија (ЕУ).

Тој рече: „Остваривме мошне продуктивни состаноци на кои што уште еднаш го потцртавме тоа колку е голем дијалогот во однос на економските прашања, под светлината на негативните случувања кои што се доживуваат во денешната глобална атмосфера.“

Берат Албајрак истакна дека беа разгледани безброј значајни прашања на овие остварени состаноци на кои се наоѓаа на исто место различни средини на деловниот свет и особено претседателите на највисоките институции и од страна на Турција, и од страна на Европската унија (ЕУ).    

Албајрак нагласи дека трговскиот обем меѓу Турција и ЕУ се доближува до 165 милијарди долари и дека постои урамнотежена соработка меѓу страните.

Потпретседателот на Европската комисија (ЕК) Јирки Катаинен исто така истакна дека преговорите за членство на Турција во Европската унија (ЕУ) не се завршени, туку само се прекинати.

Велејќи дека освен тоа посакуваат да продолжи нормалниот политички дијалог со Турција, Катаинен рече: „Кон Турција гледаме како на европска земја и реализираните економски реформи влеваат надеж.“

Катаинен додаде дека воедно треба да се ажурира и Царинската унија.



Слични вести