Започна воената вежба „Сина татковина 2019“

Ова е прва поморска вежба која истовремено се одржува на трите мориња и тоа Црното, Егејското и Средоземното море

1153191
Започна воената вежба „Сина татковина 2019“

Започна воената вежба „Сина татковина 2019“ која се организира од страна на Поморските сили на Турција. Најзначајна карактеристика на воената вежба е тоа што првпат во историјата на Републиката се одржува истовремено во трите мориња кои го опкружуваат копното со учество на 103 бродови.

Командантот на оперативниот штаб на поморските сили контраадмиралот Јанки Багџиоглу на информативниот состанок за печатот што го одржа во Поморскиот командно-воен центар во Ѓолџук рече дека воената вежба „Сина татковина 2019“ е прва од овој карактер која истовремено се одржува на трите мориња и тоа Црното, Егејското и Средоземното море коишто го опкружуваат копното.

Операцијата „Сина татковина 2019“ ќе започне на 27 февруари со испловувањето на бродовите од пристаништата во Ерегли на Црното море, Умурјери, Ѓолџук, Ерден, Чанаккале, Фоча, Аксаз и Искендерун. . Од 2 до 5 март ќе се одржи сеопфатна поморска вежба во Црното, Егејското и Средоземното море и меѓународните води, во чии рамки ќе бидат остварени сценарија на криза и војна, рече Багџиоглу.

Од 6 до 8 март, ќе се обработи темата под наслов „Морнарицата го прегрнува народот“. Во рамките на оваа активност се предвидува 68 бродови кои учествуваат на вежбата да посетата 33 пристаништа на бреговите на Црното, Егејското и Источниот Медитеран.



Слични вести